18 Јуни, 2019
0.0182

Автопатот Миладиновци- Штип отворен до крајот на месецов

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска изјави дека е завршен автопатот Миладиновци- Штип и оти очекува да биде пуштен до крајот на месецов по техничкиот прием за што се подготвува документацијата.

– Автопатот Миладиновци- Штип е завршен. Се подготвува техничката документација за техничкиот прием. Тоа е во делот на надзорот каде што ние не сме моќни. Поради снежните врнежи можеби деновиве некои контроли што треба да ги прават малку ќе бидат оневозможени, но очекувам крајот на месецов автопатот да биде пуштен – изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за изградбата на автопатот Скопје- Блаце.

Изградбата на автопатот во должина од 47 километри почна во мај 2014 година. Дел од автопатот, на потегот од Штип до клучката Кадрифаково, веќе се користи со привремен режим на сообраќање на возилата.

Инвестицијата во изградбата на овој автопат изнесува 206 милиони евра, обезбедени од кредит од кинеската Ексим банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со изведувачот на работите, кинеската компанија „Синохидро“, беа склучени два анакса на Договорот за изградба, со кои во два наврата се продолжуваше рокот за пуштање во употреба.


Можеби ќе ве интересира

Фетаи: Верувам дека ќе дојде време СЈО ќе застане на пиедесталот

Фетаи: Верувам дека ќе дојде време СЈО ќе застане на пиедесталот

На одредени места наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен

На одредени места наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен

Шекеринска: Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси

Шекеринска: Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси

ФОКУС НА ДЕНОТ: Една година од Договорот од Преспа - каде е сега Македонија?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Една година од Договорот од Преспа - каде е сега Македонија?

Шекеринска на вежбата Одлучен удар: Покажавме дека заслужуваме да бидеме членка на НАТО

Шекеринска на вежбата Одлучен удар: Покажавме дека заслужуваме да бидеме членка на НАТО

Левица: Преспанскиот договор беше донесен заради интересите на домашните и странските моќници

Левица: Преспанскиот договор беше донесен заради интересите на домашните и странските моќници

Во битолско Егри градот го уништи родот

Во битолско Егри градот го уништи родот

ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ: Невреме го зафати Скопско и Кумановско

ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ: Невреме го зафати Скопско и Кумановско

Ако бојкотираат 100.000 државјани, пописот се прогласува за нерелевантен

Ако бојкотираат 100.000 државјани, пописот се прогласува за нерелевантен