20 Април, 2024
0.0264

Азески дел од 13. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во периодот од 16-18 мај 2018 година, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, учествува на 13. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување на тема: „Дигитална економија - двигател на економскиот раст“, кој традиционално се одржува во организација на Економскиот факултет при  Универзитетот во Бања Лука.

Во фокусот на симпозиумот ќе бидат предизвиците на четвртата индустриска револуција, односно т.н. Индустрија 4.0, и нејзиното влијание на деловните активности, преку развојот на дигиталните, физичките и биотехнологиите, како и потребата од синхронизација на активностите на универзитетите, деловната заедница, владите и другите релевантни институции, во насока на максимизирање на придобивките кои може да ги донесе процесот на дигитализацијата.

Говорниците на симпозиумот ќе се осврнат на неколку клучни аспекти на дигитализацијата - нејзиното влијание на иднината на сметководствените и ревизорските практики, на справувањето со „сивата“ економија, предизвиците на патот на развојот на малите домашни компании во модерни меѓународни корпорации и придонесот на дигиталните технологии во тој развој, потребата од постоење  интеракција помеѓу деловниот сектор и универзитетите и придонесот на образовниот систем за обезбедување институционална поддршка на дигиталниот развој, но и улогата на различните чинителиво спроведувањето на новата индустриска трансформација – креаторите на инвестициските политики, локалната самоуправа, банкарскиот сектор.

Претседателот Азески ќе има свое обраќање на панелот посветен на прашањата за инвестициските политики на земјите во развојот на дигиталната ера, со презентација на моделите и стратегиите за забрзан развој на малите земји преку примерот на Македонија, со осврт на централното прашање на симпозиумот – дали индустриската револуција 4.0. претставува прилика за малите земји во развој, како што се земјите од регионот, за постигнување одржливо ниво на конкурентност и високи стапки на економски раст, и што можат малите земји во развој да направат за да ги забрзаат овие процеси?

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!