19 Април, 2024
0.0282

Азески дел од експертите во Сараево ќе споделува искуства за дигитализација на општеството

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во периодот од 18 до 20 март 2019 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи првата Конференција на тема: „Дигитализација на општеството во Босна и Херцеговина“, во организација на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина. 

Целта е да се воведе дигитализација како двигател на развојот на локалната економија и да се создаде подобра средина за инвестирање, особено во новите проекти за висока технологија. Конференцијата се организира во годината во која се прославува 15 години од усвојувањето на првата политика за развој на информатичкото општество во Босна и Херцеговина, а 25 години од доаѓањето на Интернетот и отворањето на доменот .ba., што претставува вистински момент за БиХ конечно да го започне процесот на дигитализација, да ги усвои и да ги применува најдобрите практики и меѓународните стандарди за економски развој во контекст на членството во ЕУ. Дигитализацијата има многу предности за целото општество во БиХ, а најголем потенцијал е привлекување на странски инвестиции и создавање на нови работни места. На тридневната Конференција локалните, регионалните и меѓународните експерти, преку споделување искуства ќе придонесат кон создавање предуслови за реализација на идејата за дигитализација на општеството во целина.

Во рамките на тридневната Конференција, претседателот Азески, во својство на заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум, ќе учествува на работна средба на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, со цел дефинирање на понатамошните активности во рамки на проектите кои се во фаза на имплементација.

Коморскиот инвестициски форум спроведува активности насочени кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот со поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан и е еден од носечките чинители за имплементација на Повеќегодишниот акциски план за воспоставување регионална економска област.

Преку Коморскиот инвестициски форум, во моментот се имплементираат или се планирани повеќе проекти, вклучувајќи го креирањето на регионална инвестициска платформа – investinsee.com, со поддршка на ЕБРД; зголемувањето на извозните капацитети на компаниите од регионот на Западен Балкан,  со поддршка на GIZ; воведување на системот на дуалното образование, со поддршка на KFW; поддршка во процесот на дигитална трансформација на компаниите, со поддршка на WKO и ADA; унапредување на регионалната економска соработка, со поддршка на Европската комисија.

Во насока на поцелисходно исполнување на целите за креирање на единствен, развиен и силен економски регион, коморите-основачи на Коморскиот инвестициски форум помеѓу себе имаат направено интерна распределба на приоритетните области на чие реализирање се фокусира секоја од коморите, при што Стопанската комора на Македонија како приоритетно го обработува прашањето за дуалното образование, додека Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина прашањето за дигитализацијата, при што Конференцијата која се одржува во Сараево е една од почетните активности за реализирање на целите на Коморскиот инвестициски форум.


Извор: Стопанска комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година