25 Април, 2024
0.0299

Азески: Еден вирус, многу прашања, малку одговори

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во изминативе десет месеци, сведоци бевме на една тешка борба со пандемијата, во која се испреплете се: непредвидливоста, неискуството, неподготвеноста, неверувањето и што ли уште не... Има ли вирус, нема ли вирус? Вештачки е произведен или природата ни враќа? Треба да се преземат заеднички мерки или поединечни мерки на ниво на држава и регион? Додека тоа се дискутираше, пандемијата се прошируваше со огромна брзина, пишува Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија, во својата денешна порака.

Само за потсетување, на 24.03.2020 година во неделникот „Фокус“, во мојата редовна колумна, напишав текст со наслов: Што ни се случува? Текстот можете да го видите во целост: 

Што можеме да констатираме после 10 месеци? Прво, дека во најголем дел тоа што е изнесено во текстот, се оствари. Второ, дека неизвесноста и понатаму е пред нас. Трето, сега е извесно дека ова ќе потрае и дека клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува. Оваа кратка ретроспектива не треба да се сфати како реализирана прогноза, туку како факт дека треба да се подготвиме за она што претстои. 

Јас не сум Ванѓа и тие прогнози не ми дојдоа на сон. Јас само ги сублимирав мислењата на оние кои знаат повеќе од мене. Тоа е моќта на мрежата што ја овозможува коморскиот систем во светот и, токму заради ова, во неа треба да се гледа со сериозен респект. 

Денеска, членовите на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија ќе добијат еден исклучително важен документ, со наслов: „Македонската економија во тековниот и во постковид19 периодот.“ Основната негова поента е најголемата и најбројна бизнис заедница во државата да направи пресек на состојбата и да изгради свое мислење за периодот после кризата. 

Ако се вратиме назад на 24.03.2020 година, ќе констатираме дека Стопанската комора на Македонија во целиот изминат период беше на висина на задачата. Прво, формираше Кризен штаб кој функционираше беспрекорно, особено во отворањето на закочените коридори за снабдување, што во тој момент беше најтежок проблем. Второ, со секојдневните прес-конференции и активности на терен им помогна на компаниите во првичното неснаоѓање, но беше и голем ослонец на Владата, во проценката на состојбите и мерките што мораше да се носат. Трето, нашите членови во Економскиот совет на Владата дадоа огромен придонес во креирањето на мерките коишто успеаа да го намалат страотниот удар врз економијата. Четврто, огромната наша активност во периодот на летните месеци сигурно имаше свое влијание врз намалување на последиците од вториот бран, кој дојде оваа есен, побрзо од очекуваното. Петто, сега од нас се очекува да направиме реален пресек и да предложиме свое видување за пост-Ковид 19 периодот за посилна македонска економија. 

Токму овој документ по кој ќе се води расправа во месец декември, ќе биде нашиот придонес во градењето на заедничката политика за справување со пандемијата и економската криза. Затоа, ги повикувам сите членки на Стопанската комора на Македонија активно да се вклучат во конципирањето на овој документ, кој настана врз основа на најсериозната анкета што сме ја направиле досега, а ќе се надгради со суштинска дебата на сите вас. За крај, сакам да укажам дека таа дебата и тој документ ќе биде мислење на најголемата и најбројна бизнис-заедница во државата, која претставува:


Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди