24 Април, 2024
0.0265

Азески: Формиравме кризен штаб, Комората на располагање на бизнисот 24 часа

Објавено во: Економија 25 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески формираше Кризен штаб во комората кој 24 часовно ќе ја следи состојбата и ќе биде на располагање на стопанствениците. Стопанската комора на Македонија е најстарата и најголема бизнис-заедница во земјава, а во последниот период имаше интензивни контакти со компаниите, со претставниците на власта и со економските експерти.

Подолу повеќе ставови на Азески во однос на ситуацијата и одлуката да се формира штабот.

„ Прво, од сите разговори, сосема ми е јасно дека здравствено-економската криза ќе потрае најмалку уште неколку месеци, за што имав консултации и со нашите пријатели во Европа, меѓу најголемите светски производители и структури во Коморскиот инвестициски форум. Второ, сосема е јасно дека Владата која посветено работи на решавање на кризата, во најголем дел е потпрена на нашите ресурси. 

Трето, состојбата кај вас, членките, е таква што тоа бара од нас 24-часовен ангажман. Токму затоа претседавачот на Собранието м-р Антони Пешев, потпретседателката д-р Елисавета Георгева-Јовевска, главниот советник на Управниот одбор за економски прашања Зоран Јовановски и извршниот директор м-р Биљана Пеева-Ѓуриќ ќе бидат секојдневно достапни за решавање на вашите проблеми. На средба во Владата на највисоко ниво, договоривме дека ќе бидат назначени и неколку лица од Владата, на кои ќе можеме да им се обратиме деноноќно за информации поврзани со решавање на проблемите. Исто така, договорена е и реорганизација на владиниот центар за повици за подобар пристап до него од вас и од вашите вработени.

Исто така, преку Коморскиот инвестициски форум во Трст, испративме писмо до претседателката на Европската комисија Урсула ван дер Леен, со две барања што ги засегаат земјите од регионот, а тоа се ограничувањето на извозот на заштитна медицинска опрема од европските земји и обезбедувањето дозволи за пристап до зелените коридори на компаниите од Западен Балкан, затоа што ценам дека во моментов најголем проблем е транспортот. 

Писмо упатив и до својот колега од Турција, Рифат Хисарчиоглу, претседател на Унијата на турските комори и стокови берзи, во врска со задржувањето на нашите камиони на турските граници. Работевме и на регулирањето на дозволите за непречена работа на компаниите во трета и во четврта смена.

Продолжуваме со уште појако темпо затоа што тоа од нас го барате вие и кризата и, верувајте ми, ќе направам сѐ, покрај првичните неснаоѓања на апослутно невообичаената криза, Комората да профункционира најдобро.

Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите