18 Април, 2024
0.0292

Азески и Голубовиќ во канцеларијата на КИФ во Подгорица на средба со премиерите на Северна Македонија и Црна Гора

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Претседател на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески кој е и заменик-претседател на Управниот одбор на КИФ – коморскиот инвестициски форум  и претседателот на Стопанската комора на Властимир Голубовиќ, остварија средба се премиерите на нашата земја и Црна Гора Зоран Заев и Душко Марковиќ, во пресрет на Форумот на претприемачи на Црна Гора и Северна Македонија во Подгорица.  Состанокот се одржа во канцеларијата на КИФ во Стопанската комора на Црна Гора, што е само потврда дека во центарот на Балканот веќе се работи на регионалните активности како поддршка на коморските институции.

Премиерите беа запознаени со досегашните активности на КИФ во рамки на кој веќе се работи на создавање на електронска платформа која треба да  придонесе за промовирање на Балканот како единствена дестинација за инвестирање. Многу скоро, преку КИФ треба да почне и спроведувањето на регионалниот проект за подобрување на образовниот систем согласно кој треба да се создаде рамка во согласност со потребите на пазарот на трудот.


Азески како заменик претседател на КИФ Азески подвлече дека фактот оти во Стопанската комора на Црна Гора функционира канцеларија на КИФ е само потврдува дека во центарот на Балканот веќе се работи на регионалните активности како поддршка на коморските институции.

При тоа подвлече дека преку КИФ се градат два столба за регионот. Едниот треба да го поддржи креирањето на заеднички институции за Абитража, Кредитно Биро и за поедноставување на царинските процедури што ќе го олесни протокот на стоки и патници на граничните премини меѓу државите од регионот на Западен Балкан. Вториот столб треба да ги поддржи активностите за креирање заеднички производи на Балканот. За таа цел се обезбедени и финансиски средства од германски, австриски и јапонски донатори во вкупен износ од 100 милиони евра, од кој половина односно 50 милиони евра, се грант од Германската развојна банка KFW.

КИФ како коморска организација во која членуваат бизнис асоцијациите од земјите од Западен Балкан беше основана во 2015 година, како иницијатива на Берлинскиот процес. Ги претставува интересите на 350.000 компании од целиот регион, а неговата работа се фокусира на развојот на регионалната соработка, која придонесува за создавање на единствена економска област на просторот на Западен Балкан.

Даниела Михајловска Василевска


Можеби ќе ве интересира

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем