19 Април, 2024
0.0269

Азески: Понудивме мерки до Владата за рационализација на потрошувачката на електрична енергија

Објавено во: Економија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, беше денеска во посета на Синодот на МПЦ-ОА и од таму порача дека бизнисот на Владата му предложил неколку мерки, пред се во справувањето со енергетската криза и скапата цена за електрична енергија.

- Суровините се многу скапи а некои од нив не можат да се набават. Бараме да се подигне степенот на производство и да се рационализира потрошувачката на електрачна енергија. Понудивме решенија со јавно-приватни партнерства во делот на електропроизводството. Имаме предлози свои за јавните набавки како да се менаџираат во оваа ситуација. До крајот на годината да не се носат нови даночни задолжувања и да има предвидливост. Тоа се мерки за кои чекаме да видиме што ќе се случи со ребалансот па да седнеме со Владата да разговараме, гласеше одговорот на Азески на едно од новинарските прашања.

Коментирајќи го предлог ребалансот на буџетот, тој рече дека истиот е очекуван со кратењето на непродуктивните трошоци.

- Во ваква ситуација, ние сме подготвени за кризната ситуација, ги знаеме сите податоци и мобилизирани сме да помогнеме. Ги повикуваме сите министерства и Влада да бидат максимално одговорни и да помогнат.  Да се прилагодуваат на ситуацијата со намалување на некои непродуктивни трошоци. Не очекува тежок период, а ние навреме ќе предлагаме решенија. Бизнисот жилаво се држи, а мерките што ќе ги предлагаме се да опстои постојната економска активност и работните места, искоментира претставникот на бизнис фелата.

Азески потсети дека комората ќе добие орден за заслуги од претседателот Стево Пендаровски по повод 100-годишнината од формирањето, а денеска се во седиштето на МПЦ-ОА на честитање за признанието на автокефалноста.



Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји