20 Април, 2024
0.0299

Азески: Русија ги прифати првите наши електронски сертификати

Објавено во: Економија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

СКСМ - Комора на иднината – САП системите - иднина на македонскиот бизнис

Полека, но сигурно, Стопанската комора на Северна Македонија се претвора во Комора на иднината. После стратегијата за понатамошен развој, донесена во 2019 година, промената на Статутот, утврдените приоритети и новите кадровски решенија, јасно е дека Комoрата на иднината ќе почива на дигитализација, напредни технологии, вмрежување, проектни активности и создавање кадар за потребите на бизнисот. Отттука, не случајно, обележјата на трите наши асоцијации зборуваат за глобалниот јазик на бизнисот, напредните технологии и регионот како една економија.


Стопанската комора на Северна Македонија, како одговор на кризата во декември 2020 година, започна со реализација на проектот кој ќе овозможи да биде прва комора во регионот која целосно ќе го дигитализира издавањето на надворешно-трговските документи со користење на електронски сертификати за дигитално потпишување, гарантирајќи дека електронскиот документ е валиден и признат, како од Царинската управа на РСМ, така и од Светската царинска организација.

Минатата недела првите пратки со електронски издадени и потпишани сертификати за потекло преку нашиот систем се царинети и прифатени од повеќе царински служби на различни држави во светот. Тест фазата ќе продолжи и во следните две недели, а од 1 јуни 2021 година овој систем ќе биде достапен за сите компании.

Во оваа прилика сакам да изразам голема благодарност до Алкалоид АД, Скопје; ИГМ Трејд АД, Кавадарци; Макстил АД, Скопје и Витамика АД, Прилеп за нивниот активен придонес и вклученост во тестирањето на нашиот системот, со што станаа првите компании, корисници на извозните документи, кои ги издава Комората во дигитална форма.

Голема благодарност до Некстсенс ДОО од Скопје кој нашата идеја ја преточи во конкретен, модерен и иновативен производ.

II.  Ако ние сме Комора на иднината, САП системите се иднина на македонскиот бизнис. Во контекст на нашите определби во среда, 19.5.2021 година, пред највисоките органи на Комората ќе биде извршена професионална презентација на можноста за воведување на САП системите во нашите компании, иако дел од нив веќе го имаат имплементирано. САП е еден од лидерите во индустријата за дигитализацијата и нивниот концепт за “Intelligent Enterprise” (Intelligent Enterprise) е решение кое ги следи најновите трендови за компаниите од сите дејности и е светилник во ерата на дигитализацијата.

Затоа мислиме дека поддршката што би ја добиле македонските компании од Коморскиот инвестициски форум, Владата на РСМ и Стопанската комора на Северна Македонија, би била голем импулс за неговата поширока имплеметација во македонскиот бизнис.


Алкалоид АД, Скопје преку своја презентација во среда пред органите на Комората ќе ги прикаже корпоративните придобивки од користењето на САП решенијата кои силно се одразуваат на зголемена продуктивност и иновативност во нивното работење.

Стопанската комора на Северна Македонија со оваа активност отвара широка акција за имплементација на овој систем меѓу своите компании, со што ја потврдува својата максима дека им помага на македонските бизниси во иднина да бидат што поуспешни и да создаваат што поголем профит.

П.С. Во моментот, Комората работи на низа проекти кој значат нови и иновативни дигитални решенија: изработката на дигитален регистар на верифицирани компании и сертифицирани ментори кој ги поврзува компаниите и средните стручни училишта; нова посовремена серверска соба; платформа за пријава за вакцинација за бизнис заедницата; дигитализација на сите документи кои ги издава Комората кон компаниите, но и дигитализирање на внатрешните процедури кои ќе водат кон безхариено работење.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

 и ко-претседавач на Коморскиот инвестициски форум


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите