24 Април, 2024
0.0268

СО ЕУРОНИКЕЛ ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ, СО ЈАНЧЕВ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА, СО НАУМОВ ЗА БИЗНИС КЛИМАТА

АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА КАВАДАРЦИ:Без политички консензус, државата нема економски развој

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

„Блиската соработка и редовна комуникација меѓу бизнис секторот и Стопанската комора на Северна Македонија е клучна во обезбедување што подобри услови за работа на компаниите, земајќи предвид дека Комората е гласноговорник на бизнис заедницата. Во таа насока, денеска на средбата со претседателот на Комората Азески и делегацијата на СКСМ која ја предводеше претседателот Азески, ги презентиравме нашите досегашни и тековни активности, но и идните планови кои вклучуваат сериозни инвестициски проекти, насочени пред сè кон енергетската и еколошката ефикасност, кои истовремено значат подобрување на процесните параметри и зголемување на нашата конкурентност“, изјави Герасим Кујунџиев, прв генерален директор на Еуроникел Индустри.

На средбата беа разменети мислења и за ставовите, кои се заеднички за бизнис опкружувањето, дека клучни услови за раст и развој на компаниите, за подобрување на целокупната економска слика во државата се едноставна и ефикасна администрација, институционална поддршка, стабилен правен и судски систем, напредна патна и енергетска инфраструктура и системски континуитет.

Претседателот Азески честитајќи му на менаџментот на Еуроникел за успешната работа и во услови на тешки кризи истакна дека металуршкиот комбинат како е 3-та на листата на топ 100 извозници во 2020-та година, со реализиран извоз од 182 милиони евра и остварени приходи од 188 милиони евра,... долгогодишна членка на Стопанската комора и се согласи со ставовите изнесени од г-динот Кујунџиев. При тоа, ја потенцира исклучително важната улога на Комората  во поддршка на компаниите за постигнување на што повисок раст и профит и го убеди раководството на Еуроникел дека Комората е активно вклучена во процесите за изнаоѓање решенија за проблемите врзани со здравствената и енергетска криза.

Мојата колумна од почетокот на октомври ја отвори дебатата за кризата за енергетскиот ресурс и од тој момент до денес Комората е активна во сите процеси каде се води акција за обезбедување електрична енергија за што пониски цени. Така ќе продолжиме и понатака. Истото можам да го кажам и за имунизацијата и сакам да Ве уверувам дека Комората е еден од учесниците во разговорите и нема да дозволи да проблемот со вакцинирањето ги загрози процесите на економско заздравување во наредниот период, барајќи заедно со Владата и синдикатите најоптимално решение да не запрат производствените процеси и извозот но и да не се загрозува здравјето на  останатиот персонал. 

Делегацијата на стопанската комора оствари средба и со претседателот на Регионалната комора на Кавадарци при Стопанската комора Никола Наумов, сопственик на компанијата  Градба Промет, градежна компанија која веќе 30 години успешно опстојува на пазарот. Со сопствена бетонска база, сепарација на песок и каменелом, целосно опремена за изведување и на најсложени градежни работи, има околу  220 специјализирани вработени, градежни инженери, архитекти и економисти.

Посетата, претседателот Азески ја искористи да му го честита новиот мандат на градоначалникот Јанчев, долгогодишен претседател на Регионалната комора во Кавадарци и еден од сопствениците на Кожувчанка, а на средбата беше акцентирано дека за бизнис секторот на локално ниво врвен приоритет е децентрализацијата како основен предуслов за локален економски развој.



Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска