Бафет потврдува - Среќата не се купува со пари
Објавено во: Економија 05 Март, 2018
Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори во САД кој создаде огромно богатство преку капиталните фондови, тврди дека повеќе пари не значат и поголема среќа, секогаш луѓето ќе сакаат повеќе материјални добра, но тоа нема да ги направи позадоволни.
“Не бев несреќен, кога имав 10 000 долари, откако го завршив училиштето”, вели Бафет во интервју за CNBC. “Имав многу забава.”
Бафет тврди дека луѓето имаат тенденција да мислат дека ако имаат повеќе пари, ќе бидат посреќни. Тој го дава следниот пример: “Ако имате 100.000 долари и сте несреќен човек, но мислите дека 1 милион долари ќе ве направат среќни, тоа нема да се случи.”
Дури и ако ги добиете овие 1 милиони долари, вашата среќа ќе испари, кога ќе погледнете и видите луѓе со по 2 милиони долари, додава Бафет. “Нема да бидеш многу посреќен ако го удвоиш твојот статус”, смета гуруто на инвестициите.
Во 2017 година Бафет изјави дека ќе биде задоволен и ако заработува по 100.000 долари годишно, делумно затоа што тој веќе има инвестиција која го направила среќен – куќа која ја купил во 1958 година и во која живее и до денес.
“Вистината е дека поседувам големо богатство. Мали парчиња хартија, на кои пишува Berkshire Hathaway. Може да се користат за купување на различни стоки и услуги во светот. Со нив може да се купи се. Можам да си купувам 120 метри јахти, да имам 20 куќи и многу друго “, вели Бафет. “Но, тоа нема да ме направи посреќен”, заклучува Бафет.