19 Април, 2024
0.0315

Бајден и официјално стапи на претседателската функција на САД

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Џозеф Бајден и официјално стапи на претседателската функција на САД.

Со положувањето на свечената заклетва тој и официјално стапи на функцијата како 46-ти претседател на САД. Церемонијата започна со изведба на американската химна која ја пееше поп ѕвездата Лејди Гага, а по неа настапи и Џенифер Лопез. Бајден порача дека со обнова на сојузништвата, САД ќе биде партнер за мир и стабилност. 

„Се слушна волјата на народот и се посвети внимание на волјата на народот. Повторно научивме дека демократијата е скапоцена, дека демократијата е кревка. И во овој час, мои пријатели, победи демократијата“, рече Бајден.

Инаугурацијата се одржа со протокол различен од претходните поради пандемијата и стравот од нови екстремистички напади.  На церемонијата не присуствуваше досегашниот претседател Доналд Трамп, со што по 150 години стана првиот претседател во заминување кој не присуствуваше на инаугурацијата на наследникот. Трамп со своето семејство ја напушти Белата Куќа 4 часа пред церемонијата. Во последните часови од мандатот, Трамп во својот последен акт како претседател помилува 143 лица, меѓу кои и својот поранешен главен соработник Стив Бенон и познатиот рапер Лил Вејн.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција