Бајден нема да ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот
Објавено во: Свет 07 Септември, 2022
Претседателот на САД, Џозеф Бајден конечно одлучи да не ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
Бајден рече дека Русија не треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, додека Москва предупреди дека ќе ги прекине односите со САД, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави дека Џозеф Бајден конечно одлучил да не ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот.
Украина претходно бараше Русија да биде прогласена за терористичка држава.