БАЛКАНОТ ВО ДРУШТВО НА ИНДИЈА И ПАКИСТАН: Eве зошто е тоа така
Објавено во: Македонија, Балкан 08 Декември, 2018
Балканските земји по нивото на загаденост може да се мерат со Индија и Пакистан.
Скопје утрово беше на 10 место, а сега веќе се искачи на 6 место меѓу најзагадените градови на светот, покажува листата на air visual.
Kалукта во Индија е број 1 најзагаден град, а Делхи е на 4 место. Втор е Лахоре во Пакистан. Улан Батор во Монголија е 4, а пред Скопје е Дака во Бангладеш.
Но, не е само Скопје. Сараево е 7, а Приштина е 10. Белград е на 11 место, а зад него на 12 позиција е Софија.