24 Април, 2024
0.0267

Балканска кујна на светскиот пикник 2019

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Балкан, место каде што со векови опстојуваат различни цивилизации, југот на Европа и портата кон Азија. Овој регион го отсликуваат различни влијанија и култури чие присуство оставило длабоки корени кои станале дел од културниот идентитет на овие простори, поради што често се јавува дилема за тоа што е наше, а што не е.

Турција, земја на два континенти, првиот синоним за добра гастрономија, земјата на баклавата, бурекот, донерот, симитот, проследена со природните убавини на Кападокија, Ефес и градот кој е дом на 16 милиони жители – Истанбул. Шиш кебап претставува најавтентичен претставник на ориенталната кујна, буквалниот превод на овој специјалитет е печено месо на ражен. Сите љубители на турската гастрономија ќе имаат можност да вкусат шиш кебаб и турска баклава на штандот на Турција на Светскиот пикник кој ќе се одржи на 9 јуни со почеток од 12 часот во Градскиот парк во Скопје. Штандот на Турција ќе биде претставен од страна на компаниите Рамсторе Македонија, која во земјата е присутна од 2005 година, со отварањето на првиот трговски центар од затворен карактер, во својата дејност вклучува и ланец маркети за малопродажба и компанијата ТАВ Аеродроми која управува со двата меѓународни аеродроми во државата, присутна на домашниот пазар од 2010 година.

Грција, земјата која за многумина е првиот избор за годишните одмори, чии острови се споредуваат со расфрлани дијаманти на медитеранот, синоним за гиро, сувлаки, мусака и гурабии. Присутните на Светскиот пикник ќе имаат прилика да пробат гиро и грчки гурабии на штандот на Грција кој ќе биде претставен од страна на компаниите: Окта АД Скопје, чија основна дејност е производство и трговија со нафта и нафтени деривати, Мермерен Комбинат АД Прилеп, компанија која се занимава со екстракција и преработка на снежно-бел мермер познат под името „Сивец“ и компанијата Цементарница Усје АД Скопје, дел од Групацијата Титан, чија дејност вклучува производство на цемент и други градежни материјали.

Инспирирани од традицијата  и културата на земјата од каде што потекнуваат, компаниите членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во насока на реализирање на мисијата за општествена одговорност, пред 4 години за првпат го организираа Светскиот пикник. Покрај словенечката кујна, присутните ќе имаат можност да пробаат деликатеси и од останатите 10 земји од каде што доаѓаат компаниите-странски инвеститори кои се директно вклучени како поддржувачи на овој настан, а тоа се: Австрија, Германија, Словенија, САД, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Шпанија, Белгија и Холандија.

Преку традиционалната храна, проследена со музика и детско катче за најмалите гости компаниите членки на Советот на странски инвеститори имаат за цел да ги унапредат своите врски со земјата во која делуваат и работат. Средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се искористат за хуманитарни цели, односно истите ќе бидат донирани на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Битола за опремување на сензорна соба. 

Михајло Донев

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава