16 Септември, 2019
0.0162

БАЛКАНСКА СИНЕРГИЈА – УСПЕШНИ БИЗНИСМЕНИ ОД АЛБАНИЈА, ГРЦИЈА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Објавено во: Економија 10 Септември, 2019

Балканскиот претприемачки самит кој ќе се одржи на 13 септември во Скопје во хотелот „Хилтон“, а во организација на центарот за неформално образование Creative Hub и Стопанската комора на Македонија,претставува уникатна можност за првпат на едно место да се соберат млади бизнисмени од Балканот на панел дискусија.

На панелот ќе учествуват овогодинешните добитници на признанието „Форбс под 30“ (Forbes under 30), инвестицискиот аналитичар Вангелис Андрикопулос од Атина и ко-основачкот на Creative Hub, Бојан Коскаров од Скопје, а ќе им се придружат и поранешниот фудбалер и наследник на Хусенбелиу групацијата, дваесет и седум годишниот Фатмир Хусенбелиу од Албанија и Александар Најденов од Бугарија основач и раководител на „Форбес под 30“ брендот Пејперхајв.

Ова е првпат во Скопје, па и на Балканот да се обединат млади претприемачи, а целта на настанот е токму да се создаде и пренесе една Балканска синергија помеѓу младите која треба да отвори нови можности за соработка на идните генерации бизнисмени кои се формираат на Балканот.

Панелот ќе биде модериран од македонскиот новинар Игор Босилковски кој беше уредник на Европската Форбс под 30 листа во категоријата технологија. Игор е магистер по новинарство на Универзитетот Колумбија во Њујорк каде живее и работи.

Преку искусни говорници од различни индустрии гостите на Балканскиот претприемачки самит ќе имаат можност да слушнат за инвестициски трендови, трендови во дигиталниот маркетинг, искуства на едни од најуспешните балкански бизнисмени, луѓе кои развиваат технологии на иднината и иновативни решенија во индустриите.

Повеќе информации за Самитот, како и за начинот на регистрирање можете да најдете на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ: Задутре се враќа долг

ВЛАДАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ: Задутре се враќа долг

Бензините од полноќ ќе имаат нова цена

Бензините од полноќ ќе имаат нова цена

УТРИНСКИ ФОКУС: Има ли шанси минималната плата да биде 16.000 денари

УТРИНСКИ ФОКУС: Има ли шанси минималната плата да биде 16.000 денари

„Тиквеш“ од продажба на вина и ракија ќе направи 28,8 милиони евра!

„Тиквеш“ од продажба на вина и ракија ќе направи 28,8 милиони евра!

Чувствуваат ли граѓаните дека невработеноста се „топи“

Чувствуваат ли граѓаните дека невработеноста се „топи“

КОИ СЕ ТИЕ: Четири дами ќе и помагаат на Ангеловска во работата со државната каса

КОИ СЕ ТИЕ: Четири дами ќе и помагаат на Ангеловска во работата со државната каса

ДОМИНИРААТ ДАМИ: Ова е екипата со која ќе работи новата министерка за финансии Ангеловска

ДОМИНИРААТ ДАМИ: Ова е екипата со која ќе работи новата министерка за финансии Ангеловска

Фадил Бајрами повторно именуван за вицегувернер на Народната банка

Фадил Бајрами повторно именуван за вицегувернер на Народната банка

Оправдана ли е причината на ЕСМ: До 4 милиони евра за субвенции на клими за граѓани од Кичево, Скопје, Битола и Тетово

Оправдана ли е причината на ЕСМ: До 4 милиони евра за субвенции на клими за граѓани од Кичево, Скопје, Битола и Тетово