Балканската рута е повторно отворена?
Објавено во: Балкан 12 Март, 2018
Германската Федерална служба (БНД) предупредува дека т.н. Балканска рута за криумчарење бегалци од Блискиот исток и Африка е повторно отворена, објави германското списание „Фокус“.
Дојче веле пренесува дека во текстот се наведува дека „од 2016 година бегалската рута преку Источна Европа би требало да е херметички затворена“, но дека „кримчарските банди одамна, повторно шверцуваат илјадници бегалци месечно“.
Во текстот на „Фокус“ се наведени примери на бегалци кои по Балканската рута стасале до Германија, пренесувани во камиони-ладилници и исфрлени како „илегален отпад“. Илегалните мигранти за ова „хорор патување“ платиле по 8.000 евра.