БАЛОН НАД БЕРЗИТЕ: Се заканува криза која ќе биде „многу поболна“
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2018
Балонот над берзите е поголем од оној од 2008 година и падот ќе биде далеку потежок, предупредува економистот Питер Шиф.
Волстрит и американската економија се на прагот на криза, изјавил Шиф кој е и директор на ЕПП додавајќи дека падот на крајот оваа недела бил аларм.
„Ова е балон кој не е само над берзата, туку над целата економија“, рекол тој.
Шиф предвидува криза која ќе ја следат растечки потрошувачки цени и која ќе биде „многу поболна“ од големата рецесија во 2007-2009 година.
„Мислам дека кога Американците ја изгубат работата ќе видат колку трошоците на живот ќе им растат и тоа е доста драматично, се тоа заедно ќе биде посебно болно“, рекол тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека Федералните резерви грешат со поттикнување на каматите. „Мислам дека ФЕД полудеа“, рекол Трамп.
На негативното расположение исто така влијае судирот на САД и Кина околу царината. Меѓународниот монетарниот фонд оваа недела го намали проценетиот раст, наведувајќи го како причина растот на референтните камати и тензии околу трговијата.