Банкар по грешка уплатил 28 милијарди евра, повеќе од што вреди самата банка
Објавено во: Економија 21 Април, 2018
Најголемиот германски кредитор Дојче банка признала дека во рутинска операција по грешка се исплатени 28 милијарди евра.
Инаку, оваа сума е поголема од пазарната капитализација на банката, која изнесува 24 милијарди.
Банката направила пропусти пред недела дена, а парите завршиле на сметка на Еурекс, клириншка куќа во сопственост на Deutsche Borse AG.
Како наведуваат од банката, грешката на време е воочена и не нанела штета, но се покренати прашања за ризиците и системите на контрола во банката, кои директорот кој заминува и ги фалел.