25 Април, 2024
0.0839

Банкарите и гувернерката на средба: Лагите кои се објавуваат им штетат на банките и на економијата

Објавено во: Економија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Објавувањето на како што велат непроверени информации, шпекулации и невистини ги седна на маса банкарите и Народната банка. На вонреден состанок разговарале и заклучиле дека лажните информации биле на штета на целиот банкарски систем и на економијата и општеството во целина. Во заедничко соопштение од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација стои дека банкарскиот сектор е еден од најајзначајните за земјава, а од друга страна лагите кои се ширеле по новите технологии и интернетот имале потенцијал да нанесат економски штети. Во соопштението не се прецизира за кои лаги станува збор. Во последниот период а по затворањето на Еуростандард банка во август лани, најзачестени напади кон Народната банка имаше од сопствеништвото на банката. Дополнително многу информации споделуваат и оштетените штедачи. Во соопштението, банкарите и Народната банка им се обраќаат на медиумите и поединците кои ширеле невистини.

„За таа цел, ги повикуваме медиумите секогаш, пред да објават каква било информација поврзана со банките, штедилниците и банкарскиот сектор, да ја проверат од релевантни извори, за да можат да им ја пренесат вистинската слика на граѓаните и на економските субјекти. Исто така, апелираме до граѓаните и економските субјекти мошне внимателно да ги проверуваат информациите коишто излегуваат во јавноста поврзани со банките и штедилниците, бидејќи не е во прилог на јавниот интерес создавање какви било избрзани реакции коишто покрај тоа што го одземаат времето, создаваат и дополнителни трошоци.

Злонамерни појави на ширење шпекулации и неточни информации имало и ќе има, а вообичаено се пласирани од личности кои покрај тоа што не водат сметка за својата одговорност, пред сѐ поради кратковидоста на своите лични интереси, не ги земаат предвид далекусежните влијанија на тие невистини врз јавноста и врз општеството во целина, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија