19 Април, 2024
0.2690

БАНКАРИТЕ СЕ ЈАВИЈА - ќе ги одложиме ратите шест месеци

Објавено во: Финансии 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Како што и се очекуваше, така и направија. 

Банките ќе го одложат исплаќањето на ратите од кредитите до шест месеци, соопшти денеска Македонската банкарска асоцијација.

Односно, тоа одложување ќе трае најдоцна до крајот на септември оваа година.

„Ве информираме дека во меѓусебна координација, големото мнозинство на банки,  вклучително сите големи банки, постигнаа усогласеност, преку своите понуди да овозможат одлагање на отплатата на кредитните обврски до шест месеци за кредитокорисниците – физички лица, најдоцна до 30.09.2020 година“, се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Оттаму информираат дека во согласност со измените и дополнувањата на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, што ги донесе Советот на Народната банка и со донесената Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, којашто влезе во сила на 27 март годинава, нејзините членки веќе почнале со јавни објави за промени на договорните услови кои ќе се понудат на корисниците на кредитни производи во новонастанатите околности предизвикани од ширењето на КОВИД 19 вирусот.

Пред неколку дена, на иницијатива на Народната банка била организирана и телеконференција со банките и штедилниците, во која учествувала и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. 

„На телеконференцијата се дискутираше за можностите и начините за најдобриот можен пристап на банките и штедилниците за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и економијата во новосоздадените кризни околности и во рамки на донесената регулатива од страна на Владата и од страна на Народната банка. Притоа, секоја банка и штедилница ги презентираше своите првични видувања за соодветните пристапи со коишто може да се олесни финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници“, велат од асоцијацијата.

По ова, мнозинството банки се согласиле за одлагање на отплатата на кредитните обврски за шест месеци.

Со тоа членките на Македонската Банкарска Асоцијација ја потврдуваат својата општествена одговорност да се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите, кои веќе се соочуваат или во натамошниот период би можело да се соочат со големи проблеми заради корона-кризата.

Би сакале да нагласиме дека сите овие мерки, кои вклучуваат одложување на отплатите на кредитите, се наменети за оние физички лица и компании кои навистина се во неможност во овој период да продолжат со измирување на своите обврски спрема банките и штедилниците и други доверители заради престанок со работа на компаниите, губење на работни места, намалување на плати итн“, велат банкарите.

Додаваат дека треба сите оние кои се во можност да продолжат да отплаќаат, да го сторат тоа. На тој начин ќе покажат солидарност со сите оние на кои навистина им е потребна помош во текот на корона-кризата.

Но, ваквата одлука, која и се очекуваше, кај дел од граѓаните создава недоумици.

Некои по социјалните мрежи веќе реагираат дека не е јасно од оваа одлука дали за тој период на одлагање од шест месеци, банките ќе продолжат да ја пресметуваат каматата на кредитите. Доколку е така, велат тие, каква ќе биде тогаш реално помошта за кредитокорисниците.

Исто така, некои граѓани се надеваа дека ќе има ослободување од дел од обврските, а не тоа да биде само нивно одложување.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин