16 Април, 2024
0.0288

Банките доверители на ФЕНИ ги продадоа побарувањата на ГСОЛ

Објавено во: Економија 14 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Двете банки како обезбедени доверители на ФЕНИ ги продале своите побарување на швајцарскиот инвестициски фонд ГСОЛ кој е прифатен за нов инвеститор во кавадаречкиот комбинат за производство на фероникел со што и официјално треба да заврши стечајната постапка.

Во изминатиот период, Комерцијална Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје како обезбедени кредитори на „ФЕНИ Индустри“ Кавадарци, презедоа низа активности, со цел повторно активирање на производствениот процес на компанијата, секогаш земајќи предвид дека истиот е од стратешко значење за Република Македонија, како и за поширокиот јавен интерес, за вработените и нивните семејства. Сметаме дека оваа цел е успешно постигната и дека остана уште последниот чекор,да се избере најсериозниот инвеститор кој ќе понуди долгорочна перспектива за компанијата.

Во целиот период, додека се вложуваа напори да се пронајде најсоодветен инвеститор за сите доверители, се водеа разговори со голем број заинтересирани субјекти и на крај, последните денови, понуди за откуп на нашите побарувања од „ФЕНИ Индустри“ доставија две заинтересирани страни, „ГСОЛ“ и „Минстрој“. Двете понуди беа сериозни, покажуваа посветеност и позитивни намери за обезбедување на иднината на "ФЕНИ Индустри", вклучувајќи и доказ за расположливи средства.

По оценувањето на понудите, одлуката на банките е да се избере понудата на „ГСОЛ“ како купувач на нашите побарувања. Ваквата одлука се заснова на целосна оценка на доставените понуди, роковите и условите за исплата на побарувањата, како и покажаната посветеност на овој инвеститор од почетокот на проблематичниот период за компанијата. Исто така, беше земено предвид дека "ГСОЛ" веќе ја исплати заостаната плата на вработените во "ФЕНИ Индустри", како и јавно објавената намера за соодветна исплата и на другите доверители кои имаат признаени побарувања во стечајната постапка на "ФЕНИ Индустри". Согласно условите од понудата, банките очекуваат целосната реализација на договорот за откуп на нивните побарувања да биде завршена до крајот на март 2018 година, се вели во заедничкото соопштение на Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.

Комерцијална банка имаше вкупно обезбедени побарувања од 24 милиони евра во пласирани кредити кон ФЕНИ, додека пак Стопанска банка околу 15 милиони евра по истиот основ. 



Можеби ќе ве интересира

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради