24 Април, 2024
0.0266

БАНКИТЕ И ГОДИНАВА НЕМА ДА ДАВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА РИЗИК ОД ПРОПАЃАЊЕ - премијата за Фондот за депозити останува 0,25 отсто

Објавено во: Финансии 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Фондот за осигурување на депозити и за оваа година планира да наплаќа од банките само по 0,25 проценти од сумата на депозитите во вид на премија за осигурување. Тоа може да се види од Финансискиот план на Фондот за 2022 година, кој оваа институција го има објавено на својата веб страница.

Како што е познато, во земјите на Европската унија се наплатуваат поголеми проценти на премија од банките, средства кои се собираат во фондовите за осигурување на депозити, а од кои треба да се исплатат влоговите на штедачите доколку евентуално пропадне некоја од нивните банки или штедилници. Токму за тоа прашање во неколку наврати „бура во јавноста“ крева Здружението за заштита на оштетените штедчи, кое се формираше откако пропадна Еуростандард банка, и тоа од граѓани или компании кои имаа поголеми влогови од 30.000 евра, колку што во земјава законски изнесува лимитот за обесштетување на штедачите.

ФОД во својот план за 2022 година навел дека планира оваа година од банките да собере премија од 808 милиони денари или 13,14 милиони евра.

Притоа, Фондот за оваа година планира дека депозитите на населението ќе пораснат за 7 отсто и ќе изнесуваат на крајот на годината 336 милијарди денари или 5,48 милијарди евра.

Во табела која во Извештајот ја презентирале од Фондот се покажува како секој месец во оваа година од износот на депозитите на банките ќе се наплатува по 0,25 проценти од таа сума.

Или, на пример, ако на крајот на јануари оваа година било предвидено штедните влогови да изнесуваат 315,4 милијарди денари, односно 5,13 милијарди евра, па во тој месец би се наплатила од банките премија од 0,25 отсто од тој износ, или 65,6 милиони денари, односно 1,07 милиони евра. Тоа е ниво на покриеност од 4,84.

Следуваат и другите месеци, и за сите нив е наведена премија од по 0,25 отсто, или вкупна сума од 13,14 милиони евра.

Инаку, во Финансискиот план на Фондот за оваа година се наведува дека „Фондот, во својство на доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка во стечај, во текот на 2022 година очекува наплата на своето побарување, а при реализација на наплатата на побарувањето, ФОД веднаш ќе ги депонира средствата во фондот за сигурност и соодветно ќе ги вклучи во своето инвестициско портфолио.

Инаку, пред неколку месеци, токму Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка го иницираше прашањето дека треба да се зголеми премијата што во Фондот ја уплаќаат банките, тврдејќи дека „Фондот за осигурување на депозити работи исклучиво во корист на банките, а на штета на доверителите физички и правни лица“.

Како што нагласија штедачите, во сите земји од Европската унија, премијата за осигурување која ја плаќаат банките изнесува минимум 0,8 отсто годишно, што е уредено токму со Директивата на Европската унија 2014/49/ЕU од 2014 година.

„Во најголем број земји очекуваната премија законски изнесува 0,8 отсто, додека истата е повисока во европските земји во нашето опкружување. Еве го процентот на одвојувањето гледано по држави: Хрватска 2,50 отсто, Бугарија 1,00 отсто, Грција 1,39 отсто, Романија 2,71 отсто, Словенија и Унгарија по 0,80 отсто“, наведоа штедачите во тогашното свое соопштение.

Штедачите нагласија и дека во европските земји, обештетувањето изнесува до 100.000 евра и за физички и за правни лица доверители во пропадната банка.

„Во Македонија пак, овој износ е до 30.000 евра и тоа обештетување не важи за правните лица, кои истовремено се законски обврзани да го извршуваат целокупниот платен промет само и исклучиво преку банкарскиот систем“, потенцираа тогаш од Здружението.

А, како што веќе пишуваше Фактор, Владата за оваа година си задала задача да го смени Законот за Фондот за осигурување на депозити, нешто што би требало да се случи некаде после летните месеци, барем според нејзината Програма за законски измени што се планираат за оваа година. Клучните две новини што треба да ги донесат измените се обештетувањето на штедачите да се зголеми од 30 илјади на 50 илјади евра, и плус во обештетувањето да влезат и микро и малите фирми, а не само физичките лица, односно граѓаните, нешто што не е случај со постоечкиот закон.

Владата навела дека ќе работи на измени на Законот за Фондот за осигурување на депозити, како усогласување со Директивата на ЕУ 2014/49 EU, за депозитни гарантни шеми.

„Со измените и дополнувањата на Законот за Фондот за осигурување на депозити, ќе се зголеми прагот на обештетување на депонентите во банките или штедилниците, од сегашните 30.000 евра на 50.000 евра. Дополнително, ќе се обесштетуваат и микро и малите претпријатија, кои не се опфатени со моменталното законско решение. Со ова, се очекува зголемување на довербата во банкарскиот сектор, а со тоа и задржување на стабилноста на финансискиот систем во целина“, се вели во програмата на Владата, во која се наведува дека предлагач на ова законско решение ќе биде Министерството за финансии.

За ова законско решение е наведено дека ќе нема фискални импликации. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА