18 Април, 2024
0.0244

БАНКИТЕ ПОЛНИ СО ПАРИ - фирмите не бараат или не им даваат кредити

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Банките прибрале многу пари од граѓаните минатата година, но нешто послабо одело кредитирањето, особено на фирмите. 

Или, како што говорат бројките на Народна банка, депозитите лани пораснале за 9,5 проценти на годишна основа. Додека, пак, кредитирањето има помал пораст, и тоа 6 отсто годишно. Но, она што е позагрижувачки, е што кредитирањето на фирмите пораснало за само 1,9 проценти, додека, пак, многу повеќе банките ги кредитирале домаќинствата, таму има годишен раст од дури 10,5 отсто. 

Ја прашавме Народна банка дали овие податоци значат дека банките многу повеќе прибрале граѓански заштеди отколку што кредитирале, особено компаниите, и како се очекува да расте и да се развива економијата, доколку е толку низок кредитниот раст кај корпоративниот сектор. 

Од централната банка велат дека растот на депозитите кај банките е позитивен, бидејќи укажува на потенцијал на економијата во целина да креира нови приливи, кои во еден дел се задржуваат во банкарскиот систем во форма на депозити. 

Но, колку банките ќе кредитираат, не зависи само од тоа колку пари имаат на располагање.

„Обемот на кредитирањето, секако, не зависи само од расположивите извори на финансирање, туку и од перцепциите на банките за севкупниот макроекономски амбиент, идните очекувања, оценетите ризици, однесувањето на економските субјекти, и промените во нивната склоност за задолжување“, велат од НБМ.

Оттаму сметаат дека кај нас кредитната активност постојано расте, со релативно солидни стапки. 

„На крајот на 2019 година, годишната стапка на раст изнесува 6 отсто, што е забавување во однос на 2018 година, но во голем дел како резултат на нови регулаторни барања за задолжителен отпис на дел од побарувањата на банките... “, велат од НБМ.

Монетарните власти признаваат дека банките навистина имаат поголема склоност да го кредитираат населението, но расте, велат, и кредитирњето на фирмите. 

А колку банките ќе доделат кредити, зависи и од тоа колку фирмите ги бараат.

„Мора да се има предвид дека кредитирањето е двостран процес и зависи не само од понудата, туку и од побарувачката на кредити. За поголемо кредитирање на домашните претпријатија не е доволно само банките да имаат подготвеност за испорачување кредитна поддршка, туку подеднакво e важно оцените на квалитетот на побарувачката за кредити да биде соодветен“, објаснуваат од централната банка.

Додаваат дека финансиската поддршка на фирмите не треба да се гледа само низ призмата на банкарскиот сектор, особено не кога станува збор за мали и средни субјекти, или бизниси во раната фаза од нивниот развој, со помал степен на обезбедување. Туку, има и други опции, како што се издавање на финансиски инструменти, или инвестициски фондови, кои многу повеќе го толерираат ризикот. 

„Ние како централна банка придонесувавме за олеснување на условите на финансирање, преку олабавување на монетарната политика, a со тоа посредно даваме и придонес кон економскиот раст. Монетарното олабавување изминатиот период имаше ефект, и цената на финансирањето на приватниот сектор преку банкарски кредити го достигна своето историски најниско ниво“, велат од НБМ. 

Во целиот изминат период, тврдат, банките ги следеле нивните сигнали, и очекуваат дека така ќе биде и по последното намалување на основната каматна стапка што се случи овој месец. Но, за тоа е потребен извесен период за прилагодување кај банките.

Бизнисот смета дека не е толку дека банките не даваат кредити, колку што помалку се браат, и колку што нема издржани проекти.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, вели дека овој низок кредитен раст кај компаниите, не е добар показател. Според него, тоа зборува за воздржаност кај компаниите од инвестиии и развој, а како причина може да се наведе комбинација од повеќе фактори - како што е политичкта нестабилност, неизвесноста од претстојните избори, како и недобивањето датум од Европската унија. 

„Ние како држава немаме потенцијал за вистински поголем развој. Нашите големи компании очигледно се воздржуваат од развој и немаат храброст да инвестираат во поголеми проекти, а малите и средните фирми се толку беспомошни и слаби, што не смеат ни да помислат да се развиваат“, вели Димитров.

Според него, една од причините за ваквиот застој кај компаниите е што во земјава не расчистивме со тоа што во нашето стопанство се уште преовладуваат трудоинтензивни дејности, со ниска додадена вредност, а сакаме тоа да го замениме со пософистицирани дејности, со повисоки плати. Но, вели, за тоа ни треба многу повеќе капитал, без разлика дали тој ќе дојде од домашните банки или од странски инвеститори, но и едуцирана работна сила, која кај нас ја нема, поради нереформираното образование. 

„Сигурен сум дека банките имаат доволно кредитен потенцијал, но тие не сакаат да ризикуваат, бидејќи нема добри проекти. Исто така, иако паднаа каматните стапки, тие кај нас се уште се многу повисоки од оние во ЕУ. Ова од причина што нашите банки велат дека се уште имаат ризици, но од друга страна, и натаму имаат високи профити и дивиденди“, вели Димитров. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!