БАРААТ КУЌНИ ПОМОШНИЧКИ: Платата е 2.808 евра, а еве што очекуваат
Објавено во: Финансии 11 Септември, 2018
Ќерка на еден индиски милионер бара 12 куќни помошници за вилата каде ќе живее четири години додека студира на Сент Ендруз во Шкотска.
Таа бара чистачка, батлер, возач, готвач и слично.
Огласот за вработување го објави агенцијата Сребрен лебед.
Во него стои дека семејството е многу формално и очекува кандидати со искуство.
Платата која се нуди е 2.808 евра, а се бараат луѓе кои се енергични и ведри.