БАРАЊЕ ДО АЛБАНИЈА: Да спроведе реален попис на малцинствата
Објавено во: Балкан 22 Март, 2019
Албанија да направи реален попис на малцинствата.
Oва го бара Советот на Европа. Земјата треба да го почитува начелото на слободно изразување на националните малцинства на пописот во 2020 година. Организацијата ја повикува Албанија, изјаснувањето за националната и верската припадност на пописот идната година да биде задолжително.
Од властите во Тирана, Советот бара подобрување на условите за живот на националните малцинства, особено во однос на пристапот до вработување, образование и здравство и нивна целосна интеграција.
Советот на Европа во последниот извештај, забележува дека заедниците на Ромите и Египќаните во Албанија и натаму се соочуваат со најголема нееднаквост и дискриминација, особено на локално ниво.
Националните малцинска го бојкотираа последниот попис во Албанија, во 2011 година, затоа што Владата не прифати ниту едно нивно барање. Малцинствата не ги признаа ниту резултатите од пописот.