БАРАЊЕ НА ССМ: Неделата да биде неработен ден за сите работници
Објавено во: Економија 21 Мај, 2020
Недела да биде неработен ден за сите работници.
Ова го бараат од Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ).
Тие објаснуваат дека здравствената криза предизвикана од коронавирусот покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден.
„Во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден“, соопшти ССМ.
ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да бидат и сабота и недела.
Наведуваат дека некои работодавци веќе неделата ја прогласиле за неработен ден, а другите треба да го следат примерот.