25 Април, 2024
0.0475

Барањето за автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност – директно влијание за подобрена бизнис клима

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Поттикнати од потребата на компаниите од ИКТ секторот и услужните дејности, а со цел автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Меѓународната невладина организација Македонија2025 и Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, поднесоа барање до Собранието на Република Македонија.

Барањето за автентично толкување се јави како потреба врз основа на анализите и сознанијата за одредени проблеми со кои се соочуваат компаниите, во однос на даночниот третман при извоз на услуги.  Имено, на компаниите им се наметнува обврска за неосновано засметување и плаќање на ДДВ, што беше главниот двигател за актуелизирање на прашањето за создавање на стабилна и предвидлива законска рамка, без простор за правни празнини при имплементацијата на постојните законски решенија.

Овој процес за подобрување на предвидливоста на законските решенија, беше препознаен  од страна на Владата на Р.М., која даде позитивно мислење по однос на оваа иницијатива. Генералниот секретар на Владата на Р.М., д-р Драги Рашковски, активно се вклучи во актуелизирањето на ова прашање, како и Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевскии формалниот подносител на ова барање пратеничката Ивана Туфегиќ.

Во исчекување на позитивен резултат од Законодавно-правната комисија во Собранието на Р.М., а со цел овозможување на правна сигурност за сите компании кои подлежат на оваа категорија, би сакале да ја изразиме нашата благодарност и да ја поздравиме посветеноста за вклучувањето во овој процес од страна на сите чинители,кој веруваме ќе овозможи подобра бизнис клима, како и поголема предвидливост на законските норми.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет