24 Април, 2024
0.0248

Баша: 30 јуни е политички погреб на Еди Рама

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

 Часот на победата се наближува.Нема мир без правда. Нема политичко решение се додека крадците на изборите не се најдат зад затворските решетки. Битката ќе продолжи секој ден,секој час, во град и во село. Рама оди си.

Со оваа порака, од пред партиското седиште, лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, го заврши деветтиот „национален протест“ што се одржа синоќа, кој иако најмасовен мина мирно како никогаш до сега.

Во обраќањето Баша додаде уште еден услов во барањата на опозицијата која со месеци протестира против Владата и премиерот Еди Рама.

– 30 јуни е политички погреб на Еди Рама. Избори без опозиција нема и никогаш нема да има. Но вечерва со ваш благослов и барање, на нашиот политички став за решавање на оваа криза да нема преговори за заминувањето на Еди Рама, формирањето преодна влада која ќе спроведе слободни избори, го додаваме и условот за кој исто така нема преговори а тоа е ослободување на уапсените учесници на протестите и апсењето на крадците на гласови.Од прв до последен,- рече Баша.

Додаде дека насилното сценарио на Рама не се реализирало и на насобраните им се заблагодари за учеството на „гигантскиот протест“.

Протстот,на кој според организаторите присуствувале над 120.000 лица од сите делови на земјата, вообичаено почна пред Владата со обраќањето на Баша, кој до местото од каде се обрати, дојде со помалата ќерка,додека неговата сопругата со поголемата ќерка беа во толпата,онака како што претходно вети.

– Рама добро нека разбере,нема ни еден чекор назад. Нема избори на 30 јуни. Граѓанската алијанса е на нозе. Битката продолжува од град во град, од село во село. Демократијата против нарко државата,-порача меѓу другото Баша.

Вообичаено протестантите маршираа со запалени мобилни телефони до пред Парламентот а потоа до седиштето на Демократската партија.


Foto: albeu.com

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?