19 Април, 2024
0.0261

БДП ВО МАКЕДОНИЈА: Mожеме ли да фатиме чекор со земјите од ЕУ?

Објавено во: Економија 09 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Стапката на раст на бруто-домашниот производ  (БДП) во четвртото тримесечје од 2017 година е 1.2%.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во овој период најголем пораст е забележан во секторите: трговија на големо и трговија  на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни  дејности со храна од 15.6%; земјоделство, шумарство и рибарство од 4,0% и рударство и вадење на  камен; преработувачка индустрија; снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1.1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,  во четвртото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 4.9%, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 64.8%.

Извозот на стоки и на услуги во наведениот период номинално се зголеми за 14.9%, а увозот на стоки и на услуги забележа  зголемување во номинален износ од 11.0%.

За споредба, стапката на раст на бруто-домашниот  производ (БДП) за третото тримесечје од 2017 година беше 0.2%. 

Од Владата рекоа дека овие бројки се показател дека со имплементација на реформските политики, економијата во државата почнува да расте.

КАДЕ СМЕ ВО ОДНОС НА ЕУ?

Хрватска и Грција се земјите-членки на Европска унија кои забележаа најмал раст на бруто домашниот производ во последниот квартaл од 2017 година, стои во извештајот на Евростат.

Хрватскиот БДП во четвртото тромесечје од минатата година забележа раст од 0,1 проценти во споредба со претходните три месеци, кога беше зголемен за 0,7 проценти.

Иста стапка на раст имала и Грција, додека италијанската и летонската економија пораснале за 0,3 проценти.

Најголем раст во последниот квартл од 2017 година е регистриран во Естонија - 2,2 проценти, а потоа следат Словенија со два проценти и Литванија со 1,4 проценти.

Според податоците на Евростат, на годишно ниво најголем раст во последниот квартл забележан е во Романија од седум отсто. Потоа следат Словенија со 6,2 проценти, Естонија со 5,3, Чешка со 5,2 и Унгарија со 4,9 проценти.

Најмал раст на БДП на годишно ниво имале Данска и Велика Британија со 1,2 односно со 1,4 проценти. 

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб