25 Април, 2024
0.0277

Беа пријатели со Русија, но се приклучија на санкциите за руските банки

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Кина, Турција и ОАЕ се приклучија на санкциите против руските банки.

Информацијата за рускиот весник „Комерсант“ вчера ја соопшти потпретседателот на Росбанк, Александар Рахманин. Објасни дека „колегите“ од Кина, Турција, Обединетите Арапски Емирати, па дури и постсоветските републики, вклучувајќи ги Казахстан, Узбекистан, Киргистан и Туркменистан, одбиваат да работат со руски кредитни институции кои се под рестрикции.

Турските банки строго ги почитуваат санкциите: тие одбиваат да отворат дописнички сметки во лири за руските банки на црната листа. 

Во Обединетите Арапски Емирати, каде руските компании масовно го пренесуваат бизнисот во обид да се сокријат од ограничувањата на санкциите, исто така се појавуваат проблеми. Локалниот регулатор „не дозволува целосно да ги замени, на пример, американските долари со дирхами во трговијата со Русија“, рече Рахманин.

Повеќе од 20 руски банки беа под санкции на Западот, а девет од нив, вклучувајќи ги Сбербанк, ВТБ, БЕБ, Откритие и Роселхозбанк, беа исклучени од СВИФТ.

Поради војната во Украина, Русија е под санкции. Откако лани Русија ја почна војната во Украина, руската рубља падна нагло, а потоа имаше уште неколку периоди кога вредноста на валутата се намалуваше. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди