Бебе заврши во болница откако паднало од зграда во Белград
Објавено во: Балкан 15 Август, 2022
14 – месечно бебе падна од зграда во Белград.
Детето се здобило со повреди на главата откако паднало од вториот кат во зграда во српскиот главен град. Неговите родители го однеле во КБЦ Бежанијска коса, по што е префрлено во Ургентниот центар. Засега не се знае како паднало детето, дознава Телеграф.
Ова не е прв ваков случај. Летово во Белград почина дете откако паднало од прозорец на зграда.