25 Април, 2024
0.0567

Бебињата можат логично да размислуваат пред да прозборат

Објавено во: Стил 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во едно истражување, тим научници откриле дека најраната возраст при која личноста може логично да размислуваат може да е 12 месеци.

Со декади, психолозите сметале дека говорот и јазикот се неопходен и основен индикатор за инференцијално размислување – комплексната способност за „читање помеѓу редовите“ за правилна интерпретација на некој настан кога доказите не се очигледни.

До 2014-та, експериментите сугерирале дека ваквото размислување започнувало помеѓу 3-тата и 5-тата година од животот.

Сега, психологот Николо Цезана-Арлоти од Џон Хопкинс универзитетот смета дека оваа возраст е многу помала.

Во студија објавена во Научниот журнал, тој и неговите колеги опишуваат како дошле до заклучокот дека новороденчињата можеби имаат способност за создавање на заклучоци. 

Нивниот експеримент вклучувал 144 бебиња, од кои половината биле стари една година, а другата половина 19 месеци, но ниедно од нив сè уште не зборувало.

Во експериментот, децата седеле во скутот на нивните мајки чии очи биле врзани за да бебињата не можат да забележат ненамерни фацијални знаци кои мајките би им ги дале. Потоа, анимирана секвенца била пуштена на индивидуални компјутерски екрани.

Секоја група бебиња ја гледала истата анимација која вклучувала виртуелни објекти како чадор, цвет, насмеана фигура т.е „смајли“ и диносаурус, поставени на црна позадина.

Врвовите на сите овие објекти биле идентични, а кога два од нив ги снемувало од екранот (на пример, чадор и смајли), можеле да се видат само нивните врвови.

Одеднаш, со шолја бил собран едниот од објектите (бебето не можело да види кој) кој бил поместен во преден план на екранот, а од него во шолјата бил видлив само врвот.

Потоа, црната позадина ја снемувало и бил откриен објектот кој останал зад неа – на пример чадорот. За да се тестира логичкото размислување на бебињата - нивната способност преку процес на елиминација да заклучат дека во шолјата се наоѓа смајлито – истражувачите решиле да ги збунат. Наместо смајли, во шолјата бил прикажан уште еден чадор.

Секое бебе, без разлика на старосната група, реагирало со подолго гледање во шолјата, бидејќи не се случило тоа што го очекувале.

За време на експериментот била мерена и дилатацијата (ширењето) на зениците на бебињата, и било заклучено дека во времето помеѓу откривањето на двата објекти и содржината на шолјата, нивните зеници се прошириле, а вниманието се префрлило на шолјата – што ја поддржува идејата за инферецијално размислување.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти