Беџети: Со оданочување на трудот не може да се намали нееднаквоста
Објавено во: Економија 07 Декември, 2018
Професорот Абдулеменаф Беџети на дебата истакна дека со воведувањето на рамниот данок биле најавени пораст на инвестициите, нови вработувања и подобрување на стандардот на граѓаните, но реализацијата од други причини била незадоволителна.
– Сега се очекува со поголемиот данок врз 1 отсто од граѓаните да се подобри еднаквоста, што е преамбициозно. Не може да се постигне таков ефект со средствата што се планира да се соберат. Од друга страна, се става акцент на оданочувањето на трудот, пред оданочувањето на капиталот, што, според мене, е нелогично. Би требало приходите од капитал и дивиденди да бидат најоданочени – посочи Беџети, додавајќи дека, меѓу другото, институциите имаат право и на конфискација, но не го применуваат тоа.
Тој потсети дека повисоките даноци ќе донесат даночна евазија, па праша дали институциите се подготвени да се справат со евазијата за законот да ги оствари очекувањата.