29 Септември, 2024
0.0262

БЕГ НАЈДЕ ГАС ЗА ПАРНОТО: Договорот со ТЕ-ТО тежи фантастични 70 милиони евра

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Балкан енерџи груп (БЕГ) компанијата која ги топли скопјани преку мрежата од Топланата Запад, Топланата Исток и Топланата 11 октомври склучи договор со ТЕ-ТО за набавка на гас. Договорот е вреден дури над 70 милиони евра и објавен е само ден пред истекот на 2021 година. Станува збор за рамковна спогодба, која веќе е објавена на Системот за јавни набавки. За оваа сума треба да се купат 38 милиони нормални кубни метри гас.

Обезбедувањето на гасот значи дека скопјани ќе имаат греење без прекин, иако претходно се шпекулираше дека поради тоа што БЕГ немаше обезбедено гас, се става под знак прашалник испораката на топлина до домовите. Од Владата и од БЕГ за Фактор до последно тврдеа дека се прават сите напори за скопјани да не смрзнат од стартот на годината.

Претходно од „Макпетрол“ за Фактор изјавија дека компанијата ги обезбедила потребните колични гас од „Гаспром“ за сите свои потрошувачи, компании кои со години ги снабдува со енергенсот, но потенцираа дека тие не се вклучени во процес на набавка, ниту претходно преговарале за било какви колични за ТЕ-ТО или за БЕГ. 

„Макпетрол“ го склучи договорот со руски „Гаспром“ за набава на гасот за домашни потрошувачи по цена за 30 отсто пониска од берзанската. Со овие количини ќе се снабдат повеќето компании во слободните зони, „Алкалоид“, топланите на ЕСМ, топланите на Скопје Север.

Во меѓувреме, односно во петокот на 31 декември 2021 година Регулаторната комисија за енергетика одлучи парното да поскапи за 14 отстоЗа истиот процент ќе се зголеми цената и на топланите Скопје Север и Железара, бидејќи енермно е зголемен трошокот за природен гас и за овие топлани.

Ако една сметка за парно, била на пример 1.500 денари, таа ќе се зголеми за 210 денари и ќе изнесува 1.710 денари.

„Цената на природниот гас која е во момоентов ја има доставено БЕГ до Регулаторната комисја за енергетика е 1.480 долари за нормален метар кубен гас, тоа е највисока цена откако го користиме гасот. Ако влеземе во калкулации врз основа на оваа цена на гасот, цената на парното би се зголемила за 190 отсто. Но, тоа не е решение и само ќе ги влоши состојбите и во секторот на топлинска енергија и во енергетскиот систем. Ова е проблем на цел свет. РКЕ не може сама ова да го реши, ниту, пак, би било фер целиот овој товар да го префрли на граѓаните. Затоа  ние влегуваме со калкулација за цена од 340 долари за нормален метар кубен гас. Лани таа цена беше 240 долари. Во реалноста цената е зголемена за пет пати, но не можеме целиот товар да го префрлиме врз потрошувачите“, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи