БЕГ пушта парно пред грејната сезона
Објавено во: Економија 06 Октомври, 2019
Бакан Енерџи Груп најави затоплување на радијаторите на потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје уште утре поради падот на температурите, наместо на 15 октомври со почетокот ан официјалната грејна сезона.
Според компанијата, прогнозираната средна надворешна температура ќе биде помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеролошки работи, а тоа е услов да се активира топловодната мрежа.
Од таму апелираат потрошувачите да ги отстранат дефектите навремено или да пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, а куќните совети да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите и да обезбедат напојување на топлинската станица со електрична енергија.