29 Март, 2024
0.0305

Бегаат ли банките од македонските фирми?

Објавено во: Економија 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Лани новите кредити за фирмите пораснале за 70 милиони евра, а кредитите за граѓаните пораснале за 199 милиони евра. Овие податоци доволно говорат сами за себе како банките гледаат на домашните фирми, а зошто е тоа така и може ли без здрава и конкректна домашна економија банките да работат на долг рок?

Сите 14 деловни банки лани вкупно пласирале 269 милиони евра во македонската економија преку кредити и заеми за компании и за физички лица, покажуваат официјални банкарски податоци. Многу е значајно да се истакне дека нема баланс меѓу кредитирањето компании и граѓани затоа што банките повеќе од очигледно форсираат задолжување на граѓаните пред кредитирање на компаниите. Соодносот е следен: физичките лица подигнале 199 милиони евра кредити лани, а сите фирми заедно само 70 милиони евра. Како ќе се одразува ваков тренд на домашното стопанство ќе видиме, но теоретски гледано ова не е добар сигнал ниту за конкурентноста ниту развојот на домашните компании. Особено заради тоа што граѓанските кредити во принцип ја стимулираат потрошувачката на готови стоки кои на нашиот пазар доминантно се од увозно потекло, што значи дека тие пари во поголема мерка одат на плаќање стоки од увоз. Но, банките процениле дека за нив посигурен односно помалку ризичен бизнис е кредитирање на граѓани.

Трите најголеми банки лани го намалиле кредитирање компании

Ова е многу значаен сигнал што сигурно дека не оди во прилог на раст на домашната економија. „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка ги намалиле кредитните пласмани во домашните компании. На крај на 2017 година најголемиот поддржувач на домашните компании „Комерцијална банка“ има во корпоративни пласмани 605 милиони евра што е за 10 милиони помалку од 2016 година, „Стопанска банка Скопје“ има 12 милиони евра помалку од 2016 година и тие изнесуваат 358 милиони евра, а кај НЛБ Банка намалувањето е речиси и незабележливо и изнесува само 2 милиони евра помалку. Намалување на кредитирањето компании има и кај „Шпаркассе“ и кај најмалата „Капитал банка“. Ова укажува дека вкупно 5 домашни банки го намалиле нивото на кредитни пласмани во компании лани во споредба со 2016 година. Наспроти овој тренд лани истакнато биле три банки: Халк банка, Прокредит банка и Охридска банка. Најголем раст на кредитирањето компании остварила турската банка која вбризгала 42 милион евра во македонската економија и тоа е речиси 60 отсто од сите нови корпоративни кредити лани. Прокредит банка пласирала 30 милиони евра, а Охридска банка уште 10 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?