13 Јули, 2025
0.0267

„Бехтел и Енка“ дели највисоки плати меѓу најголемите работодавачи во Македонија, но успеал да привлече само уште 500-тини работници

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој ги гради автопатите од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, ги дели највисоките плати меѓу големите работодавачи во земјата, а најверојатно тоа е причината што во изминатиот период успеал да регрутира уште 500-тини нови работници во Македонија.

Во најновиот  извештај од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници за периодот од 1 до 30 април годинава, проследен до инвеститорот ЈП „Државни патишта“, објавено е дека изведувачот успеал да стигне до бројка од 1.833 ангажирани работници.  Во претходните месечни извештаи поднесени од операторот, бројката долго време беше застаната на 1.390 ангажирани лица. Значително е зголемен и бројот на преземена механизација.

Минатата година официјално беше завршена со 1.014 работници, според билансот на „Бехтел и Енка“ поднесен до Централниот регистар. Инаку пред една година беше соопштено дека конзорциумот побарал помош од комората за да обезбеди инженерски кадар и општи работници во вкупен број од 4.000 кој, според работодавачот, ќе биде потребен до завршување на проектот. 

„Фактор“ имаше сознание дека изведувачот ги дели најдобрите плати меѓу големите работодавачи во земјата. Тоа и се потврди според трошокот за вработени, прикажан во завршната сметка за 2024. За работниците биле потрошени 33,5 милиони евра., што е околу 40 отсто од остварените приходи. Месечно за еден вработен „Бехтел и Енка“ вложувал по околу 2.700 евра за сите трошоци.

Овие податоци се однесуваат на периодот пред мај годинава, кога официјално започна изградбата на видливиот дел од делницата Тетово – Гостивар, долга речиси 18 километри и која ќе чини 90 милиони евра. Властите и компанијата Бехтел – Енка очекуваат неговата изградба да трае околу две години, 

На почетокот на годинава за да може Бехтел и Енка полесно да гради во земјава, беа предложени измени на Законот за странци, со цел повеќе да се олесни ангажирањето на странските работници кои ќе работат на изградба на предвидените автопатишта, односно да се даде поголем број дополнителни олабавувања и намалувања на критериумите за да се ангажираат странски работници, токму на барање на инвеститорот Бехтел и Енка. Од компанијата засега се немаат произнесено колку странски работници се ангажирани, а единствено од комората објавија дека  52 проценти од нив се локални, од околните села и градови. 

Договорот со „Бехтел и Енка“, под стариот изговор дека има деловни тајни, не беше објавен во јавноста ниту од новата власт, а единствено беше кажано дека се остава можност за репреговарање.

На платформата „Отворени финансии“ може да се види дека годинава, односно во април и во мај, од буџетот се исплатени три транши со вкупна вредност од околу 30 милиони евра за „Бехтел и Енка“. Во моментов сигналите кои што се испраќаат до јавноста се дека буџетот самостојно нема да може да го исплаќа овој проект, односно се најавува задолжување со дел од британскиот заем.


А.К.

Можеби ќе ве интересира

Сите сакаат квадрат повеќе: Пазарот на недвижности „гори“ во Црна Гора

Сите сакаат квадрат повеќе: Пазарот на недвижности „гори“ во Црна Гора

Ова се земјите со најголеми резерви на природен гас: Еве ги првите три

Ова се земјите со најголеми резерви на природен гас: Еве ги првите три

ЕВРОПЈАНИТЕ СЕ РАЗОЧАРАНИ: Трамп ги налути со царините

ЕВРОПЈАНИТЕ СЕ РАЗОЧАРАНИ: Трамп ги налути со царините

Неодржливи се високите цени на кафето: Експертите предвидуваат пад на потрошувачката и „рушење“ на цените

Неодржливи се високите цени на кафето: Експертите предвидуваат пад на потрошувачката и „рушење“ на цените

ЗА МЕКСИКО И ЕУ: Трамп објави царини од 30 отсто

ЗА МЕКСИКО И ЕУ: Трамп објави царини од 30 отсто

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

Кои европски држави ќе бидат најпогодени од царините на Трамп?

Кои европски држави ќе бидат најпогодени од царините на Трамп?

САД СЕ НАЈДОА НА ПРВОТО МЕСТО: Ова се 10-те најголеми туристички економии во светот

САД СЕ НАЈДОА НА ПРВОТО МЕСТО: Ова се 10-те најголеми туристички економии во светот

КУЌИ ЗА 1 ЕВРО: Се продаваат во француско гратче, но со услови

КУЌИ ЗА 1 ЕВРО: Се продаваат во француско гратче, но со услови