25 Април, 2024
0.0279

Бектеши ги кажа своите очекувања за тоа дали угостителските објекти ќе бидат затворени уште две недели

Објавено во: Економија 10 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Во интервју за Гласот на Америка, министерот за економија Крешник Бектеши, меѓу другото го откри и своето очекување дали ќе има уште една нова забрана за работа на угостителските објекти, по сегашната во траење од две недели. 

Ситуацијата во дејноста угостителство е тешка, имајќи ја предвид и последната одлука на Владата, но секако дека ние сме при крај за дизајнирање на мерка која ќе биде само за угостителските објекти и туризмот како област во целина. Убеден сум исто така дека наредната недела ќе биде деблокирано и Собранието каде дополнително ќе можат да добијат финансиска помош за исплата на плата, и со тоа ќе бидат зачувани сите работни места во угостителството и туризмот. Но, дополнително на тоа освен мерките кои ги креираме согласно приходот кој го имале во првите три месеци, како грант или како директна субвенција, Македонската банка за обнова и развој ќе има бескаматни кредити, каде ќе има грант за овој многу важен сектор“, вели во интервјуто Бектеши.

На прашањето дали очекува дека после првите две недели, ќе продолжи истата мерка, односно објектите ќе бидат затворени уште две недели, Бектеши вели дека тоа не го очекува. 

„Па не верувам дека ќе продолжи за дополнителни две недели, имајќи ги предвид бројките и проекцијата која ја презентираше Комисјата за заразни болести. Јас сум убеден дека нема да останат затворени, бидејки сите институции многу будно ја следат ситуацијата, но имајќи ја предвид непредвидливоста со оваа пандемија, никогаш не се знае. Но, секако дека ние сме подготвени ако има потреба дополнително да ги помогнеме“, рече министерот за економија.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија