Бектеши: Предвремените избори ќе се одразат врз економијата
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2019
Изборите кои претстојат напролет ќе имаат влијание врз економијата. Ова е ставот на министерот Крешник Бектеши кои вели дека тоа е причината поради која Владата ќе ја забрза реализацијата на проектите.
Министерот очекува унапредувањето на економијата да продолжи а посочи и дека Македонија покажала дека ги исполнила сите услови на ЕК
-ММФ предвиде поголем раст, предвремените избори секако ќе имаат влијание, имајќи го предвид и изборниот закон во текот на кампања, но како сериозна Влада од следната недела, односно од денеска ќе ги забрзаме сите постапки за да не бидат оставени нереализирани проектите- кажа Бектеши.