БЕКТЕШИ СО ДЕТАЛИ: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020
Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на земјава и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.
На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.
Според Предлог-законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:
- сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
- да влегле на територијата на Македонија до 1 октомври 2020 година.
Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на земјава.
Можеби ќе ве интересира
АСОМ: Над 8.000 вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување ако се усвојат предлог измените на Законот на игрите на среќа

Нина Ангеловска и прослави 10 годишен јубилеј на својата „Групер“
Собраниската блокада го враќа стариот проблем со можни злоупотреби на екстра-лесното гориво

НАВАЛИ НАРОДЕ НА ПОЕВТИНИ ГОРИВА - од денеска дизелот и бензините надолу за два денари

Децениски трансфер: Кој директор со силен „бекраунд“ влегува во ЗК Пелагонија?

АЗЕСКИ: ДАЛИ КОНЕЧНО ПРОФУНКЦИОНИРА ВИСТИНСКИОТ ДИЈАЛОГ ДРЖАВА -ПРИВАТЕН СЕКТОР?

НАЈЛОША НЕДЕЛА ОД СЕПТЕМВРИ: Паѓа вредноста на биткоинот

Промени во врвот на Цементарница Усје: Претседателот на Одборот на директори поднесе оставка
