23 Април, 2024
0.0267

Бектеши со вест од Украина: Македонските производи на украинскиот пазар без даноци или со ниски царини

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Крешник Бектеши, министерот за економија, денеска при посетата на Украина објави дека македонските производи ќе се извезуваат на украинскиот пазар или без даноци или со ниски царини.

„Денес, заедно со заменик-министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина, Тарас Кака, претседававме со Третото заседание на Меѓувладината комисија според Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Украина за економска и трговска соработка.

Наша заедничка желба е да ја зајакнеме и продлабочиме билатералната економска соработка меѓу двете земји. Договоривме нови можности за поголема либерализација на трговијата меѓу Северна Македонија и Украина.

Традиционалното пријателство меѓу двете земји е предуслов и стабилна основа за соработка да продолжи со позитивен тренд и во наредниот период во сите области од заеднички интерес, особено во економскиот план.

Во последните две години, поточно пред периодот на пандемиите, успеавме да им обезбедиме на граѓаните безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена, директен лет Киев-Скопје и обратно, како и збратимување на седум општини од Северна Македонија и Украина.

Ова ја интензивира општата соработка, олеснувајќи ги деловните врски и контактите меѓу двете земји, како и развојот на туризмот“, објави Бектеши на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва