Бектеши уверува дека ТИРЗ Тетово ќе добие пристапен пат
Објавено во: Економија 02 Јули, 2019
Крешник Бектеши, министерот за економија, наведе дека „Глас Флекс“, македонско-холандската инвестиција во Тетово од 9 милиони евра ќе донесе 300 нови вработувања кога ќе биде готова. Во моментов поставена е само конструкцијата на фабриката за стакло.
Бектеши очекува таа да започне со работа во октомври.
- Ние ќе настојуваме и ќе бидеме посветени за да им ги исполниме сите услови на приватниот инвеститор тука во Тетово се со цел да се привлечат се повеќе инвеститори во оваа зона што нема да влијае само во развојот на општина Тетово туку и на целиот полошки регион, рече министерот Крешник Бектеши.
Иако веќе има интерес за директни инвестиции во ТИРЗ Тетово, пристапниот пат се уште не е започнат со изградба. Министерот уверува дека во најкраток можен рок ќе почне со градба пристапниот пат до автопатот Тетово-Скопје со цел поврзување на зоната.
-Процедурите се во Агенцијата за патишта и секако дека ние ќе им дадеме како Влада обврска да се почне со подготовки што побрзо да се гради пристапен пат, рече Бектеши.
Во „Глас Флекс“ се произведува калено, луминирано и друг вид специјализирано стакло.
-Објектот е започнат крајот на 2018 година и до крајот на месецов ќе биде завршен. До август месец треба да се постават инсталационите работи внатре и да пристигнат машините кои се со потекло од Финска и Италија како и да се направи монтажа на машините, изјави Гоце Пешев, проект менаџер на објектот.
Задоволен е и Арбен Халили од компанијата Нормак која стопанисува со ТИРЗ Тетово,