20 Април, 2024
0.0257

БЕКТЕШИ ЗА СЛАБАТА РЕАЛИЗАЦИЈА: Парите се за купување акции од АД НЕР, а доцнењето е поради изборите и техничката Влада

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши, за Фактор сака да појасни зошто во неговиот ресор е слаба реализацијата на капиталните инвестиции.

Имано, Фактор денеска утрово објави дека Министерството за економија, во периодот од јануари заклучно со август годинава, има искористено само 8,8 отсто од предвидените капитални инвестиции за целата оваа година. 

Фактор овој податок го доби од алатката на Министерството за финансии, која се објавува токму со цел јавноста да има увид кое министерство и кој буџетски корисник колку проценти има потрошено од доделените од државата капитални расходи. Во него е наведено дека заклучно со крајот на август реализацијата во Економија била 8,8 отсто.

А Бектеши, пак, во своето појаснување до Фактор, нагласува дека неговиот ресор досега искористил 11 отсто од капитаните расходи, но реализацијата е слаба бидејќи најголем дел од парите биле наменети за купување акции од АД Национални енергетски ресурси, со цел да се докапитализира тоа акционерско друштво. Но, поради изборите и техничката Влада, немало можност тие средства да бидат реализирани. Постапката ќе заврши до крајот на годината.

Во Буџетот на Министерството за економија за 2020 година за капитални инвестиции се предвидени 27.920.000 денари (453.984 евра), а досега се реалиазирини 3.267.318 денарио (53.127 евра), што претставува 11 отсто од вкупните средства предвидени за оваа година.

Најголем дел од средствата за капитални инвестиции во Буџетот на Министерството за економија се наменети за купување на акции од Акционерското друштво „Национални енергетски ресурси“ што претставува еднократна исплата на средствата од буџетот на Министерството за економија.

Поради изборниот процес и техничката влада, немаше законска можност овие средства досега да бидат реализирани.

Сакаме да Ве информираме дека по формирање на новата Влада веќе е започната постапката и до крајот на годината средствата предвидени за купување на акции во Акционерското друштво „Национални енергетски ресурси“ ќе бидат реализирани како што е и предвидено во Буџетот на Министерството за 2020 година“, велат во појаснувањето од Министерството за економија.

Во исто време, информираат оттаму, во тек се и останатите постапки во делот на реализација на капиталните инвестиции во Министерството за економија кои што е предвидено да се реализираат до крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите