19 Април, 2024
0.0319

„Бекутан“ и децата од „Дајте музика“ со божиќна порака за сите генерации

Објавено во: Мои пари 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатноно вистинито, дури и училиштето се дел од нештата кои им недостасуваа не само на јунаците од популарниот детски серијал „Дајте музика“ туку, веројатно, и на сите луѓе на планетава во 2020 година. Во вонредни околности и со почитување на сите здравствени мерки и протоколи, продукцијата „Еден на еден“ со режисерот Зоран Зонде Стојановски спакува видеоспот, во кој главната порака е дека љубовта е најголемиот подарок.

Продуцентката на серијалот, Цаци Паковска, истакна дека предизвикот за екипата беше огромен. „Дечињата, пред сѐ, се актери, а требаше да отпеат песна од Каролина Гочева и беа премногу возбудени и исплашени како ќе го изведат сето тоа и како ќе звучат, па во текот на подготовките, кои траеја околу месец и половина, имаа дури и часови по пеење. Одговорноста беше уште поголема бидејќи работевме проект за бренд каков што е ‘Бекутан’, а тука, исто така, не смееше да има компромиси. Сепак, мислам дека крајниот производ е одличен, а целата екипа на ‘Дајте музика’ беше на висина на задачата“ – рече Паковска.

Празниците се за дарување, а најубавиот подарок е љубовта. Кога ќе се обединат најискреното другарство и најубавата македонска божиќна песна, испеана од маестралната Каролина, а сето тоа под закрилата на најдобриот детски бренд, резултатот е прекрасна празнична честитка за сите генерации.

„Повеќе од 40 години постоиме за најмилите. Многу генерации сe врзуваат со приказната за ‘Бекутан’, а искрената љубов и посветеност, внесени во секој еден производ, се оние што го прават ‘Бекутан’ различен и единствен. Овие празнични денови љубовта има посебна димензија, а близината со нашите најсакани е важна повеќе од кога било досега. На сите наши бекутанчиња сакаме да им подариме среќа и многу љубов, спакувани во прекрасно видео, и порака посветена на чистото детско срце. Да не заборавиме да подаруваме добрина и да учиме од детската искреност! Ви благодариме за секоја година помината со нас!“ – изјави Маја Мизо, менаџер за брендот „Бекутан“.

А за оваа година очекувањата се навистина големи. Во пораката што ја испраќаат преку видеото протагонистите на серијалот се вели: „По дождот секогаш следува сонце! Нека сонцето во 2021 силно сјае за сите!“

Видеото може да го погледнете на линкот подолу. Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, а песната е дел од албумот „Извор“ на Каролина Гочева-Корубин, чиј издавач е „Авалон продукција“. Кореографијата за видео записот ја подготви студио „Еурека“.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=zrVJmhwV2vk&ab_channel=Becutan

(пр објава)

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година