18 Април, 2024
0.0281

Белгиски и германски „шмек“ на „Светскиот пикник“

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Белгија, административниот центар на Европската унија, земја која ги обединува Фламанија и Валонија под круната на Кралството Белгија, светски центар за трговија со дијаманти, синоним за првокласно чоколадо, квалитетно пиво, незаменливите белгиски вафли и земјата која на светот му ги подари класичните цртани „Авантурите на Тинтин“, „Астерикс и Обеликс“, како и најпознатите „Штрумфови“. Сите оние кои не можат да им одолеат на белгиските вафли, традиционална закуска која од Брисел и Лиеж станува популарна низ целиот свет, ќе имаат можност да ја пробаат на штандот на Белгија на „Светскиот пикник“ на 9 јуни 2019 година, со почеток од 12:00 часот во Градскиот парк во Скопје. Штандот на Белгија ќе биде претставен од страна на компанијата „Ван Хоол“, која на домашниот пазар е присутна од 2014 година, семејна компанија за производство на автобуси и индустриски возила.

Германија, индустрискиот гигант на Европа, земјата која е синоним за моќни автомобили и автопатишта без ограничување на брзината.  Оваа земја се поврзува со многу нешта, почнувајќи од класичната музика на Бетовен, Хајден и Брамс, следена од познатите фудбалски клубови кои се натпреваруваат во Бундеслигата, Берлин - симболот на поделена и обединета Европа, класичните дворци на Баварија и Прусија од кои најрепрезентативен е Нојшванштајн кој во превод означува нова лебедова карпа и земјата на најпознатиот фестивал на пивото – „Октоберфест“, а каде е пивото таму е и гастрономијата. Германската кујна изобилува од најразлични деликатеси од кои најшироко познати се колбасите, сирењата, баварскиот перек „Прецел“, кнедли со компир, Шварцвалд торта и торта со сирење. Љубителите на германските деликатеси ќе имаат можност да ја пробаат тортата со сирење (Käsekuchen) на штандот на Германија кој ќе биде претставен од страна на компанијата „ЕОС Матрих“, која се занимава со меѓународно управување со побарувања: наплата, откуп на побарувања и целосно преземање на деловниот процес, компанија која на домашниот пазар е присутна од 2003 година.

Покрај белгиските и германските специјалитети, присутните ќе имаат можност да пробаат деликатеси и од останатите земји од каде што доаѓаат компаниите -странски инвеститори кои се директно вклучени како поддржувачи на овој настан, а тоа се: Австрија, Грција, Велика Британија, Италија, Словенија, САД, Турција, Швајцарија, Шпанија и Холандија.

Изминативе 3 години „Светскиот пикник“ прерасна во препознатлив настан и традиција која претставува спој на промоција на културите на земјите од кои доаѓаат странските инвеститори, од една страна и хуманитарниот аспект на настанот презентирајќи ја општествената одговорност на овие компании од друга страна. Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ве поканува на заедничко дружење во Градскиот парк,  затоа што пикник секогаш се прави во недела.

Можеби ќе ве интересира

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем