Белорусија ќе ја остави Европа без бензин поради Русија
Објавено во: Свет 23 Април, 2019
Белорусија го суспендираше извозот на лесни нафтени производи во европските земји. Ова го најави заменик-претседателот на белоруската нафтена компанија Сергеј Гриб, пишуваат европските медиуми.
"Во моментов договорните обврски се прекинати, додека не биде решено прашањето со руската нафта", истакнал Гриб.
Исто така, од компанијата се обидуваат да најдат начин за избегнување на казни за прекршување на условите на договорите со купувачи од Полска, од Украина и од Балтичките земји.
Руската компанија "Транснефт" ги потврди проблемите со квалитетот и вети дека ќе ја поправи ситуацијата. Минск денеска повика на формален состанок со Русија за да разговара за надомест на штета на опрема за белоруски рафинерии.
Пред тоа, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека делницата од нафтоводот „Дружба“, кој поминува низ територијата на земјата, може да биде затворен за поправки, иако во него се транспортира руска нафта.