Бензините не поскапеа, цената на дизелот скокна
Објавено во: Економија 19 Август, 2019
Во следните седум дена возачите ќе точат горива по цени кои денеска РКЕ ги корегираше.
Почнувајќи од полноќ бензинот ќе се купува по непроменливи цени. Тоа значи дека Супер – 95 и Супер – 98 ќе се точат за 66,50 и 68,50 денари по литар.
Од друга страна, дизелот бележи скок на цената за половина денар и ќе се точи за 60,50 денари по литар.