Бензините од денес со нова цена
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019
Регулаторна ги намали цените на бензините.
Од полноќ нафтените деривати се точат за цена пониска за еден денар.
Тоа значи дека со Еуросупер БС-98 резервоари ќе се полнат за 70 ден/лит а Еуросупер БС-95 на бензинските ширум државата ќе се точи по 68 ден/лит.
Дизелот ќе се продава за 62 ден/лит. а Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе биде 51,50 ден/лит.
Нафтата која падна на светските берзи е причината да се намалат дериватите кај нас.