БЕРБА НА МАЛИНИ, ВИШНИ, БОРОВИНКИ: Србите очајно бараат работници

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2025 21:09
Сопствениците на плантажи со овошје во Србија, чија берба почна во некои региони, мака мачат да најдат работна сила. На социјалните мрежи има десетици огласи наменети за собирачи на малини, боровинки и вишни.
Сопственик од околината на Бајина Башта кој има хектар малини вели дека од 1 јули бара работници. Објавувал огласи секаде каде што можел.
– Обезбедено е сместување и храна, а дневно може да заработите и до 5.000 динари – вели тој за српските медиуми.
Тоа значи, како што објасни, дека треба да набере 50 килограми малини.
Толку плаќаат и другите овоштари кои бараат сезонски работници.
Во Липолист кај Шабац за берење малини од 20 до 25 јуни со работно време од 6 до 19 часот, со три подолги паузи, сместување, храна и плата, се нуди иста дневница.
Малинарите се жалат дека од сезона во сезона станува сè потешко да се најдат луѓе подготвени да работат повеќе часови на сонце. Младите се помалку заинтересирани, а постарите немаат енергија.
Способните мажи имаат тенденција да одат на сезонска работа во градежништвото, така што најголемиот дел од сезонските берачи се жени.
foto Agrotv
Можеби ќе ве интересира
СДСМ КОНТРА МИЦКОСКИ: Државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

ЌЕ СТРАДА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: ММФ даде прогноза што ќе донесе зголемувањето на цената на нафтата

Русија и Ирак во паника: Конфликтот „ја зема“ нафтата

АКО САКАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Еве како да го побарате и добиете

ТРАМП: Ве следам, не ја зголемувајте цената на нафтата

(ВИДЕО) МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Јас ова што го работам, би го работел и без пари

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра
