30 Септември, 2024
0.0244

БЕРЗАТА ГО НОСЕШЕ КОДЕКСОТ НЕТРАНСПАРЕНТНО: Кои се аргументите на компаниите, кои на Македонска берза?

Објавено во: Економија 13 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Дел од компаниите кои котираат на берза не можат да стигнат и да ги применат барањата кои Македонска берза ги има со новиот Кодекс за корпоративно управување и е нелогично што измените се однесуваат за цела 2021 година односно ретроактивно, вели Анета Трајковска од Стопанската комора за Фактор, а откако комората реагираше и јавно и со писмо и побара да се одложи примената на оваа одлука. Трајковска е децидна дека ниту една компанија нема да го исполни барањето, затоа што тоа невозможно, но тврди дека ако инсиститрањето остане тоа ќе биде лошо за реномето на компаниите кои ќе имаат негативни рефренци.

“Компаниите треба да вградат соодветна изјава за усогласеност за корпоративно управување во годишните извештаи за оваа 2021 година, односно ретроактивно, а за тоа се известени во ноември месец, односно при крајот на годината. За да се вметне таа изјава од друга страна, треба да се прават усогласувања кои мора да поминат на акционерски собранија, не може да се менува туку така, треба да се менуваат и интерни акти, надлежности на управните и на надзорните одбори. Дополнително дел од овие барања не се усогласени со Законот за трговски друштва, вели Трајковска.

Од Комората велат дека процесот на носење на новиот Кодекс не бил целосно транспарентен и се децидни дека треба да биде одложен односно да важи од пролетта  во 2023, а за тоа да се вгради соодветна изјава во годишните изјави за работа за 2022 година. Измените и дополнувањата на правилата за котација и кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на „Македонската берза АД Скопје“ стапија на сила на 26 октомври 2021 година.

Инаку преку Комората на ова реагираат дваесетина копании кои котираат на берза, но како што велат оттаму, станува збор за реномирани фирми, дел од нив и со странски сопственици.

Од Македонска берза за Фактор велат дека при донесувањето на новиот Кодекс за корпоративно управување била организирана детална јавна расправа со котираните компании и голем дел од нивните забелешки била инкорпорирани во финалниот текст на овој стратешки документ.

„Ниту една компанија пред Берзата тогаш не го отвори прашањето на динамиката на неговата имплементација. Зошто сега се отвора ова прашање е нешто што Берзата не може да коментира. Иницијалната примена на Кодексот, односно вградувањето на Изјава за усогласеност со Кодексот во Годишниот извештај за работа на следното редовно годишно собрание во пролетта 2022 година не е ништо повеќе од скенирање на моменталните состојби во друштвата во однос на областите опфатени во Кодексот (Права на акционери и односи со акционери, Надзорен одбор, Управен одбор, Судир на интереси, Ризик и контрола, Засегнати лица, Транспарентност и Објавување). Применета е иста пракса како и на многу други пазари кога се воведувани Кодексите и/или кога се менувале истите, велат од Македонска берза.

Додаваат дека Кодексот спаѓа во т.н. мека регулатива и се применува според принципот „примени или објасни зошто не си применил“.

Од Берзата велат дека ја добиле иницијативата на Комората и дека ќе им одговорат.

Инаку Кодексот, согласно измените на Правилата за котација, треба да го применат 27 од 96 котирани компании. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи